Рускиот Олимписки Комитет најави дека прекрасното спортско здание во Сочи, каде идната година ќе се одржат 22-те Зимски Олимписки игри ќе биде отворено за три недели.
Овој стадион со капацитет од 75.000 гледачи со право е наречен „чудо од стадион“. На истиот ќе бидат отворени ЗОИ, а потоа стадионот ќе биде искористен во организацијата на Светското фудбалско првенство во 2018 година, кое ќе се одржи во Русија.
ЗОИ во Сочи ќе се одржат од 7 до 23 февруари идната година и за организација на овој настан Русија потроши околу 14 милијарди евра.