Еколошка акција во Крива Паланка

Од:

Во организација на локалната самоуправа на Крива Паланка утре ќе се спроведе голема еколошка акција насловена „Почиста животна средина за подобра иднина“.

Акцијата ќе се реализира на иницијатива на градоначалникот Борјанчо Мицевски, во пресрет на Денот на пролетта и на планетата Земја.

– Предвидено е чистење на 50 површини и простори како што се: уредени регулациони речни корита, споредни паркови и зелени површини, околина на автобуска станица, на училиштата, околина на спортско-рекреативниот центар и градскиот базен, пристапите и околината на манастирот, покрај споредни патишта, игралишта, слободни површини и површини на други локации и локалитети, информира Бранко Велиновски координатор на акцијата.

Акцијата ќе ја реализираат вработени во општинската администрација и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, граѓански здруженија, заедници на станари и други субјекти и лица, а во расчистување на околината и најфреквентните локации-собирни места на младите, ќе се вклучат и учениците од основните и средното општинско училиште од градот.

Со оваа акција продолжуваат еколошките активности за расчистување на уредените и неуредените зелени површини во градот и приградските населби.

Во акцијата од страна на ЈП Комуналец ќе бидат исчистени и одредени поголеми депонии, како што се депонијата на излез од населба Лозаново кон село Градец, депонијата на крај на улица „Осоговска“, депониите во Дренчка мала и кај Ловачки, депонијата под Варовишки гробишта покрај новиот асфалтен пат кон манастирот, регулационото корито на долот во населба „Единство“ и на други помали локации.

Од локалната самоуправа ги повикаа сите граѓани, граѓански здруженија, невладини организации, заедници на станари, правни лица, институции и организации да се вклучат во акцијата и да придонесат во чистењето на животната и работна средина.

– Ова не го правиме за некој друг туку за самите себе и за нашата иднина. Во каква животна средина ќе живеме, работиме или претстојуваме зависи од нас самите. Многу е важно и каква животна средина ќе им оставиме на нашите деца, на нашата иднина. Биди совесно лице на општината – вклучи се во акцијата, порача Велиновски.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот