Пад на инфлацијата во ЕУ во февруари

Од:

Стапката на инфлација во Европската унија на годишно ниво во текот на февруари се намали на 1,3 проценти, од јануарските 1,6 отсто, соопшти денеска Евростат.

Во исто време, во рамки на Еврозоната февруарската инфлација се намали на 1,1 отсто од 1,3 проценти во јануари годинава.

Минатиот месец на Кипар е регистрирана дефлација од 0,4 отсто, додека стапката на инфлација биле најниска во Грција од 0,4 проценти и во Данска и Италија од 0,5 отсто.

Највисока инфлација од 3.8 проценти во рамките на ЕУ е регистрирана во Романија, а по неа следуваат Естонија и Литванија со по 3,2 отсто.

Споредно со јануари, стапката на инфлацијата минатиот месец се намалила во 18 земји членки на ЕУ, во две останала иста, а во седум држави се зголемила.

Најголемо влијание врз инфлацијата во февраури имало поскапувањето на услугите, по што следуваат цените на храната, алхохолот и цигарите и на неенергетските индустирски стоки.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ