Самит на малите земји – нови трендови во бизнисот

Од:

Во организација на Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи конференција за современите трендови во бизнисот: „блокчеин“ технологијата, „краудфандинг“ моделите на алтернативно финансирање, иднината на „крипто-светот“, роботиката и автоматизацијата.

На конференцијата насловена „Самит на малите земји – нови трендови во бизнисот“, се поканети претставници од приватниот сектор, државата и научната фела.

Акцентот на дискусијата, освен на дигитализацијата и на етичката страна на дигиталниот пазар, ќе биде ставен и на меѓународните бизнис релации, како и на „старт-ап“ иновативните бизниси.

– Имплементацијата на новата технологија во работењето на компаниите од т.н. мали земји им нуди неограничени можности. Достапноста до светскиот пазар ги доведува во скоро еднаква позиција со најголемите играчи во секторот и придонесува за зголемување на нивната конкурентност, велат од Комората и додаваат дека зголемената конкуренција на глобалниот пазар бара соодветна реакција од компаниите и нивно постојано приспособување на новиот начин на работа.

Од конференцијата се очекуваат конкретни заклучоци кои би послужиле во креирањето на натамошните економски политики.

– Целта е да предочиме на новите трендови во бизнисот, како и на приспособувањето на современите услови со цел континуиран пазарен успех. Конференцијата треба да придонесе за подобрување на бизнис врските преку користење современа технологија, како и визија за правецот на движење на бизнис секторот во иднина, со посебен акцент на „краудфандинг“ моделите и иднината на „крипто-светот“, како и на етичките аспекти од воведувањето на новите технологии во бизнисот, потенцираат од Стопанската комора.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски