АХВ: Нема лабораториска потврда за отстапувања во безбедноста и квалитетот на чоколадите во Македонија

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши редовни контроли на чоколадите кои се продаваат во Македонија, независно дали станува збор за увозни или од домашно производство. Од досега извршените контроли Агенцијата нема добиено лабораториска потврда за отстапувања во безбедноста и квалитетот на овој вид производи.

Ова е одговорот на АХВ за МИА по денешната изјава на универзитетскиот професор Јадранка Дабовиќ дека чоколадите за деца на македонскиот пазар не содржат млеко и какао.

– Особено загрижува фактот што и покрај огромните заложби на Агенцијата за храна и ветеринарство, има лабораториски известувања кои кажуваат дека чоколадите наменети за деца на нашиот пазар, иако се декларираат дека имаат млеко и какао, воопшто го немаат тоа, рече Дабовиќ, пред почетокот на настанот по повод Светскиот ден на заштитата на потрошувачите во Стопанската комора на Македонија.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни

А1он