Советот на oпштина Велес на својата 12. седница ја усвои завршната сметка на Буџетот за 2017 година.
Од планираните речиси 963,3 милиони денари се остварени 659,5 милиони денари приход. Како што информира Душко Петров претседавач на Советот на општина Велес најголем дел од приходите во основниот буџет отпаѓаат на даночните приходи, кои се остварени во вкупен износ од 134,2 милиони денари.
– По завршната сметка на Буџетот на општина Велес за 2017 година се остварени вкупно 38,7 милиони денари неданочни приходи. По завршна сметка за 2017 на Буџетот на општина Велес се реализирани 17,2 милиони денари капитални приходи. Овие приходи се остварени од продажба на земјиште и нематеријални вложувања. Од трансфери е остварен вкупен приход од 58,2 милиони денари…Во 2017 година на сметката на општина Велес се дојдени 395 милиони денари. Тоа се наменски и блок дотации на општината за активности од културата, образованието, социјалната заштита и пожарникарството, додаде Петров.