Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи во Битола непречено го врши приемот на годишни даночни пријави, чиј рок за поднесување истекува денеска.
Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, регионалната дирекција на УЈП во Битола денес ќе работи до 21:30 часот.
Заклучно со вчерашниот ден во регионалната дирекција на УЈП Битола поднесени се 53.448 пријави, од нив 53.311 во хартиена форма и директно во новите простории на дирекцијата кои се наоѓаат во непосредна близина на зградите на Ректоратот и бугарскиот Конзулат, а 137 годиншни даночни пријави се поднесени по електронски пат.
Дописникот на МИА од Битола информира дека даночните одделенија и шалтери на УЈП во општините Ресен, Демир Хисар и Крушево, годишни даночни пријави ќе примаат до 18 часот.