Патиштата кои водат кон Зубин поток и преминот Брњак на север на Косово, се блокирани од војниците на КФОР. Во тек е акција за онеспособување на алтернативниот пат преку селото Бање, кој Србите од Ибарски Колашин го користеа од избивањето на кризата минатото лето за да доаѓаат и заминуваат на север на Косово, јави агенцијата Танјуг.
Магистралниот патен правец Косовска Митровица-Рибариќи кај местото Зупче е блокирана од 8 часот. КФОР го блокираше и патниот правец Звечан-Зубин, а на двете локации, војниците поставија бодликава жица и препречи оклопни возила.
Акцијата е за да се затвори физички неформалниот премин, а по завршување на акцијата, контролните пунктови и кордоните ќе бидат повлечени, соопштија меѓународните сили.
Во текот на акцијата немало инциденти.