„Епл“ ќе ги претстави новите верзии на „мекОС“ и „ајОС“ на 4-ти јуни

Од:

Епл официјално потврди кога ќе се одржи конференцијата за програмери оваа година. Податоците покажуваат дека домаќин на традиционалниот настан повторно ќе биде Сан Хозе и овој пат ќе се одржи од 4 до 8 јуни. Оние кои сакаат да присуствуваат на ВВДЦ 2018 може да се пријават онлајн до 22 март од официјалната веб-страница на конференцијата. По тој датум ќе се одржи случајна селекција, при што само некои од нив ќе имаат можност да купат вистински билет за настанот. Цената се очекува да изнесува 1.599 долари.

Главен фокус на ВВДЦ 2018 ќе бидат новите верзии на „мекОС“ и „ајОС“. „Епл“ ќе покажат за прв пат демо, покажувајќи го интерфејсот на платформите и откривајќи какви подобрувања треба да очекуваат во нив, информира „Врџ“. Според непотврдени информации, покрај „ајОС 12“, „Епл“ најверојатно ќе открие повеќе детали за таканаречените „универзални апликации“ кои можат да работат со ајФон, ајПад и МекБук. Новата верзија на ајПад ќе ги поддржи емоциите на „анимоџи“, што ќе се должи на „ФејсАјДи“ камерата.

Некои аналитичари тврдат дека ВВДЦ 2018 ќе покаже поевтини верзии на ајПад и МекБук, но ова официјално не е потврдено од „Епл“. Ако сè оди според планираното, програмерите ќе имаат пристап до првите верзии на ајОС 12 и „мекОС 10.14“ до крајот на јуни. Официјалната премиера на оперативниот систем за корисниците ќе се одржи на есен.

Можеме да бидеме сигурни дека на конференцијата на програмерите ќе ги дознаеме сите детали за најинтересните подобрувања во „ајОС 12“ и „мекОС 10.14“.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска