Утре истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава, се очекуваат уште 100 илјади

Од:

Утре истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2017 година.

Последните податоци на УЈП покажуваат дека досега се поднесени вкупно 334.360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден во УЈП очекуваат да бидат поднесени уште околу 100 илјади ГДП.

Најмногу или 125.165 пријави се поднесени во Скопје, во Битола 46.400, Тетово 28.621, Струмица 29.982, Прилеп 45.652 и Штип 58.540 годишни даночни пријави.

Пријавите освен на шалтерите може да се поднесат електронски и да се испратат по пошта.

– Со цел избегнување на метежите, особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром и Мобилниот даночен шалтер во Драчево што ќе биде стациониран на 15 март пред месната заедница во периодот од 10.00 до 14.00 часот.

За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и нецелосно пријавени приходи Законот предвидува глоба од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа