Децата на самохраните родители добија бесплатен престој во детските градинки во Штип

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ја промовираше мерката за бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки, која беше дел од предизборните ветувања.

„Зборот е збор! Во предизборната кампања најавивме дека децата на самохраните родители во Општина Штип ќе посетуваат градинка бесплатно. Тоа денеска го овозможуваме заедно со двете градинки во општина Штип, „Вера Циривири Трена“ и „Астибо“. Ова значи дека Општина Штип заедно со двете детски градинки им овозможуваат на 52 дечиња коишто ги посетуваат моментално овие две градинки да имаат бесплатен престој,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Општина Штип и детските градинки ќе овозможат бесплатен престој на децата на самохраните родители. Во моментот детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“ ги посетуваат 52 дечиња на самохрани родители. Општина Штип за дечињата на родителите од оваа категорија издвојува средства, со што ќе излезе во пресрет на 52 семејства на кои им е од големо значење оваа помош. Оваа активност се реализира по претходно потпишан договор помеѓу Општина Штип и градинките „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“.

Општина Штип заедно со двете градинки обезбедува средства за реализација на овој проект. Со Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2018 година за оваа активност од Советот на Општина Штип се одобрени вкупно 1.080.000 денари, од коишто за оваа намена Општина Штип за претстојниот период, па сѐ до крајот на годинава ќе обезбеди 351.000 денари.

За новата локална власт граѓаните се во центарот на вниманието, а од приоритетно значење се решавањето на нивните проблеми и потреби. Како и до сега, ќе се работи на остварување на клучните проекти и потреби на граѓаните на општина Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“