Презентација на проект за мрежа на сметководствени податоци од земјоделски стопанства

Од:

Делегацијата на Европската унија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе го презентираат Твининг проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН)“, финансиран со Инструментот за претпристапна помош ИПА (ТАИБ) 2013.

На отворањето на проектот ќе се обратат раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, италијанскиот амбасадор Карло Ромео и полскиот амбасадор Јацек Мултановски.

Целите и активностите на Твининг проектот ќе ги презентираат проектниот лидер на земјата-корисник, Даниела Гидалова, проектниот лидер на земјата-членка, Лука Чезаро и проектниот лидер на земјата-членка помлад партнер во проектот, Адам Смолик.

На средбата ќе учествуваат и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот завод за статистика, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), Министерството за финансии, Секретаријатот за европски прашања и други релевантни институции.

Твининг проектот е финансиран од Инструментот за претпристапна помош ИПА (ТАИБ) 2013 со буџет од 800.000 евра (95 oтсто придонес од ИПАЕУ и пет отсто национално кофинансирање) и ќе се имплементира во период од 18 месециод страна на Министерството за земјоделство, храна и шумарство на Италија, Националниот совет за земјоделско истражување и економија на Италија како партнер лидер на проектот и Институтот за земјоделска економија и храна – Национален институт за истражување на Полска како помлад партнер.

Експерти од земјите-членки на ЕУ (Италија и Полска) ќе го споделат своето искуство и најдобрите европски практики и ќе дадат придонес во натамошното подобрување на националната Мрежа на сметководствени податоци од земјоделските стопанства според новата регулатива на ЕУ, како и подобрување на употребата на податоците на ФАДН за националната земјоделска политика.

Во ЕУ, ФАДН претставува инструмент кој дава податоци за економско-финансиската состојба во земјоделството. Секоја година се одбира репрезентативен примерок на земјоделски стопанства кои обезбедуваат податоци за доходот и деловното работење на земјоделското стопанство и друг вид на податоци поврзани со неговите активности кои овозможуваат да се направи евалуација на доходот на земјоделските стопанства и на влијанијата на зедничката земјоделска политика на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади