(ВИДЕО) Мицкоски: Противуставниот закон за јазици има за цел да атакува врз соживотот на граѓаните и донесе немир

Од:

„Токму денот кога отпочна воениот конфлит во Тетово, а тоа е утрешниот ден на парламентарна седница се става на дневен ред овој против уставен неприменлив закон за употреба на јазиците. Апелиравме од Струмица за разум, да имаме чуство бидејќи во оваа држава имаме повеќе етнички заедници да имаме соживот, да се почитуваат комшиите но некој друг има поинаква цел.

Имаме една генерална слика која е навистина спротивна на сето она што се ветуваше со таканаречанта програма “За Живот“ во Република Македонија. Имаме случувања кои што комплетно се ретроградни. Имаме страв имаме терор. Во Скопје имаме убиства, плачки, криминал кој секој втор ден остануваме неразјаснети. Имаме полицајци кои се правдаат дека случајно се повредиле удирајќи се од пајак. Ова е понижување не само на фелата туку на целокупната нација. Имаме катастрофална ситуација на други планови. На пензионерите им беа ветувани брда и долини кои за жал и тоа што им следи по закон не успеваат да го добијат. Имам информација дека се доцни со исплата на судиите“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на ОК Конче на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред да ја преземат Владата самите во неколку наврати вклучувајќи и го Зоран Заев кажуваа дека се апсолутно свесни за ситуацијата во која што се наоѓа државата. Имаме економија во која имаме раст од 0%, единствена таква е во Европа нема втора таква економија. Економија каде што не можеме да ги исполниме елементарните проекции и покрај тоа што имаме власт која што го имаше целиот буџет на располагање да може да ја истера 2017-тата барем на половина од она што од претходната Влада беше проектирано. До ноември месец не убедуваа дека ќе ја исполнат таа цел, но за жал не успеаа и направија утка од некои 150 милиони евра, а и како што гледаме сега никој сеуште не носи никаква одговорност.

Навистина сум разочаран од она што денес е реалност во Република Македонија. Ние мораме самите нешто да направиме. Ако ние самите не направиме нешто не можеме да очекуваме некој друг да си ја земе работата во свои раце и да го направи тоа за нас. За тоа да го направиме мораме да имаме јасен план, јасна стратегија и програма и да се обврземе пред граѓаните во Република Македонија да тоа што ќе го ветиме следи потешкиот дел, а тоа е како тоа да го оствариме“, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет