Богдановиќ активно се вклучи во продажба на списанието „Лице в лице“

Од:

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска оствари средба со претставници на меѓународната мрежа на уличен печат „Лице в лице“.

Богдановиќ ја мапираше првата зона „Лице в лице“ и активно се вклучи во продажба на списанието.

„Општина Центар е подготвена да поддржи активности за помош на сите ранливи категории. Како општина и јас како градоначалник осудуваме дискриминација од секаков вид, а особено на лицата кои чесно и достоинствено заработуваат за живот“, изјави Богдановиќ.

Договорено е потпишување на Меморандум за соработка, а градоначалникот и советниците ќе се вклучат во промоција на концептот „Лице в лице“ заедно со продавачите.

Во општина Центар ќе се одбележа сите т кафулиња и угостителски објекти, каде што се добредојдени продавачите.

Во земјава бездомништвото расте, а празните живеалишта се множат. Затоа, беше посочено, неопходен е систем за социјално претприемништво и инклузија.

Општина Центар, во рамките на своите ингеренции и можности ќе работи за интеграција на овие лица, ќе се користат најдобрите примери од Полска. Европската унија е отворена за соработка и тоа треба да биде поздравено од институциите и поединци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар