Општина Карпош информира дека спроведува проекти за реконструкција на улици и тротоари.
Градежни активности има на улицата „Новопроектирана“ на потегот од „Петар Чаулев” до „Ацо Шопов“, за што се обезбедени 3.580.120 денари. Се работи и на реконструкција на улиците „Љубица Георгиева“, „Мраморец“, „Ботун“ и „Белчишка“, соопштуваат од Општина Карпош.