Синдикатите кои делуваат во Македонски железници барат Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор да биде укината до влегувањето на Република Македонија во Европската унија.
За таа цел предлагаат Министерството за транспорт и врски да покрене иницијатива за измени на Законот за железнички систем, со кои ќе се предвиди укинување на Агенцијата.
– Агенцијата со своето неодамнешно делување во насока на присилна наплата на измислени заостанати такси и камати за задоцнето плаќање предизвикала неред во функционирањето на работниот процес и директно влијае на безбедноста на железничкиот сообраќај. Сметаме дека ваквиот инцидент не е изолоран, ниту е последица на немарност на службите, туку е резултат на неоправданоста на постоењто на агенцијата во услови на затворен железнички пазар поради што финансирањето на истата претставува неподнослив товар врз финансиското работење на двете претпријатија, наведуваат синдикатите во барањето до ресорното Министерство.
Според синдикатите, работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор има економска или друга оправданост само во услови на либерализиран железнички пазар, што е возможен само доколу Македонија биде рамноправен член на ЕУ.