Авион на кoмпанијата „ЈуЕС-Бангла Ерлајнс“ (US-Bangla Airlines) излета од пистата при слетување на меѓународниот аеродром во Катманду во Непал.
Авионот, кој долетувал од Дака, излетал од пистата и се запалил. Во тек е спасувачка операција за гаснење на леталото.
Според аеродромската управа во Катманду, авионот не успеал да слета на пистата и се урнал на фудбалски терен во близина на аеродромот.
Се уште нема детали за бројот на патници во авионот и каква е нивната судбина.