Над 170 лица ќе скокнат по светиот крст во водите на Вардар во Скопје

Од:

Над 170 пријавени верници в сабота, од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ ќе се обидат да го фатат светиот крст, кој во водите на реката Вардар ќе го фрли поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

Богојавленската литургија ќе почне во 9 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје, по што поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан заедно со свештенослужителите и верниците со литија ќе се упати кон мостот кај хотелот „Холидеј Ин“, каде ќе ги освети водите на Вардар. Чинот на положувањето на светиот крст во Скопје ќе биде напладне.
Организатор на манифестацијата „Водици 2013“ и годинава е весникот „Нова Македонија‘‘, со чии купони до 14 јануари се пријавуваа граѓаните. Препорака до сите учесници што ќе се обидат да го фатат крстот е во вода да влегуваат исклучиво со обувки на нозете (сандали, патики и слично), како што беше и минатата година.

Просторот околу мостот кај „Холидеј Ин“, од каде што владиката г.г. Стефан ќе го положи крстот во Вардар, ќе го обезбедуваат обезбедувачи од агенциите „Никоб“ и „Уна“.

„Нова Македонија“ ќе подели специјални пропусници за сите учесници, нивните придружници, гости, новинарските екипи и други лица. Учесниците може да дојдат со најмногу двајца придружници, за кои ќе биде обезбеден посебен бокс по должината на кејот за да се избегнат турканици и метежи. За загревање и за освежување на учесниците ќе има и подвижна кујна, од каде што ќе може да добијат топол чај. Евиденцијата на учесниците на денот на одржување на манифестацијата, 19 јануари, ќе биде на три пункта, каде што ќе има списоци по азбучен ред на сите учесници.

Годинашниот кум на манифестацијата Мите Јовановски за сите учесници ќе обезбеди маици, а за најсреќниот и други пригодни подароци. Предвидено е да биде украсен и мостот со балони полни со хелиум наредени во форма на крст, кои потоа ќе бидат пуштени во воздухот заедно со јато гулаби. Директен пренос од целата церемонија ќе вршат МТВ и Сител, со повеќе подвижни камери поставени на кранови. Екипите на Црвен крст ќе обезбедат три тима за прва помош, како и 12 спасувачи на копно и чамец со спасувачи во вода. Од брза помош ќе дојдат со две возила и мобилна екипа, која ќе дејствува по потреба. Сите учесници потребно е да се прегледаат на спортска медицина и потврдата да ја донесат на денот на одржување на манифестацијата.

Богојавление (Водици) – 19 јануари, согласно Законот за празници на Република Македонија, е неработен ден за верниците од православна вероисповед.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух