Средба на Мицкоски со американскиот сенатор Марфи и амбасадорот Бејли

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со американскиот сенатор Крис Марфи и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.

На средбата стана збор за продлабочување на меѓусебното пријателство и надградување со нови форми на соработка во насока на исполнување на стратешките интереси на државата, како и за актуелната општествено политичка ситуација.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека во САД гледа пријателска држава која треба да ги поддржи напорите за членството во НАТО.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ се залага и за членство во Европската унија каде се потребни посериозни заложби од страна на владата особено во поглед на спроведување на реформи во судскиот систем, образованието и поголема поддршка на бизнис секторот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека владата треба да се посвети на реформските процеси кои се вистински важни за граѓаните и унапредување на животниот стандард, за сметка на ретроградните процеси, политичкиот терор и отворањето на сензационалистички теми кои не носат добро на државата и ја уназадуваат внесувајќи поделби на граѓанското ткиво.

Во поглед на спорот за името Мицкоски ги повтори позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ова клучно прашање, при што објасни дека потребен е сериозен ангажман од владата наспроти јавните надавања и менувањето на позиции

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче