СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере што значи неселективно владеење на правото

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере што значи нулта толеранција за корупција и криминал и што значи неселктивно владеење на правото.

Заврши времето кога МВР беше МВРО-ВМРО, кога поединци се ставаа над законот и беа недопирливи само поради тоа што беа блиски на ВМРО ДПМНЕ.

Денес МВР постапува согласно надлежностите, законите важат за сите подеднакво, а институциите работат независно, професионално, во интерес на граѓаните, ослободени од партиски притисоци.

Секој кој го прекршил законот одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било припадност.

Тоа е суштинска разлика која носи придобивки за Република Македонија и сите нејзини граѓани“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски