Мицкоски: Пред 75 години започнала депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, 11. март е еден од најтажните денови во македонската историја

Од:

„Денешниот ден е еден од најтажните денови во македонската историја.

Пред 75 години на 11ти март започнала депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка, 7144 наши сограѓани го започнале својот пат без повраток. Македонскиот пример е особено ужасен и болен, ликвидирани се 98% од припадниците на Еврејската заедница, од кои дури 50% биле деца. Еврејските маала во Битола, Штип и Скопје останале празни, останале празни куќи и домови, а ние сме останале без нашите сограѓани, соседи и пријатели.

Само документите и неколкумина преживеани остануваат да бидат единствениот сведок за траорната судбина на овие луѓе.

По повод 75 годишнината од депортирањето на македонските Евреи би сакал да оддадам почит и жалење за она на кое што Еврејската заедница во Македонија била подложна во минатото. Не смееме никогаш да го заборавиме плачот и тагата на овие семејства и нивната голгота. Нека останат во меморијата на македонскиот народ и никогаш да не се повторат“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче