Поранешниот прв рекет во светот, Новак Ѓоковиќ, на почетокот на минатата година во Мајами купи луксузен стан со поглед на плажа.
Станот кој тенисерот го купи е сместен во станбениот комплекс „Eighty Seven Park“ и проектиран од познатиот архитект Ренцо Пиано.
Освен што во станот има три спални соби, Новак во новиот дом ќе ужива во базен, но и во приватен парк, каде што ќе може да шета со своето семејство.
Како што пишуваа странските медиуми, Новак за оваа луксузна недвижнина издвои скоро 10 милиони долари.
Становите во овој комплекс имаат од 13 до 650 квадратни метри, а цените се движат од 1,6 до огромни 45 милиони долари.