Мексиканските власти се загрижени поради нилски коњ кој слободно се шета низ мучуришната област во јужно Мексико. Никој не знае од каде дошло животното, бидејќи Мексико не е природно живеалиште за нилски коњи.
Се верува дека животното досега живееле во езерата во близина на Лас Чопас, во државата Веракрус.
Мексиканската агенција за заштита на животната средина соопшти дека експертите бараат најдобар начин за да го фатат нилскиот коњ, тежок околу 600 килограми.
Локалните медиуми прв пат за нилскиот коњ известија во јануари, кога бил забележан во близина на депонија.