Со 607 гласа „За“ и само еден „Против“, Зијадин Села е изгласан за претседател на Алијансата за Албанците. На конгресот избрани се и 163 членови на Централниот одор во кој ќе има и претставници на дијаспората.
Најжестока дебата на конгресот предизвика барањето за промена на статутот на партијата. Согласно партиските процедури, изгласана беше платформата со која се бара до Владата промена на Уставот, за албанскиот јазик да биде еднаков со македонскиот јазик.
На конгресот беше дискутирано и за промена на името на партијата од Алијанса за Албанците во Албанска алијанса.
Села побара двојазичност и Македонија да стане бинационална држава, а најави соработка со целата опозиција. Тој порача БЕСА да се обединат и премиерот Заев да не воведува демократија во албанскиот блок.
К.Л.