МАКАМТРАНС и НСГРИТГ загрижени за состојбата на пензискиот фонд

Од:

Независните синдикати на камионски транспортери МАКАМТРАНС и на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото НСГРИТГ изразуваат загриженост за состојбата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, кој, како што тврдат, до 2020 година нема да може да покрива ниту 15 проценти од побарувањата на пензионерите.

– Фондот на ПИОМ го празнат погрешните социоекономски стратегии на претходниот владин состав со спроведувањето на наводно „добрите препораки“ на Светската банка и на ММФ, и со чии што економски нелогични инвестици, го оштетија за огромни финансиски средства, изјави денеска Страшо Јованов, претседател на МАКАМТРАНС.

Сметаат дека решение за состојбите во ПИОМ може да понуди координативно тело за унапредување на правата од работниот однос на чие формирање инсистираат подолго време, но од ресорното Министерство, како што рече Јованов, им рекле дека нема законска основа.

Коалицијата со работниците што ја најави премиерот Зоран Заев, посочи, препорачуваме да почне со формирање на предложеното координативо тело.

Според Атанас Трајковски, претавник на НСГРИТ, со формирањето на координативното тело ќе се решат многу работи во однос на состојбата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и генерално ќе се работи на подобрување на правата на работниците.

– Со вакви услови за работниците младите нема да останат. Ќе останеме земја на пензионери, но која ќе нема да им исплаќа пензија, рече Трајковски.

Би можело да ве интересира

Мемов: Ситуацијата во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Битола е алармантна

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Кривична пријава против три лица од Тетово, меѓу нив и директор на ПИОМ

Горан Наумовски

Кривична за екс директор на ПИОМ Тетово – вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа

Кривична за поранешен директор на Фондот за ПИОМ: Исплаќал плати на луѓе кои не доаѓале на работа

Горан Наумовски