Кошаркарите на Црвена Звезда беа поразени со високи 88:54 на гостувањето кај Барселона во 25.коло на кошаркарската Евролига.
Каталонците речиси постојано имаа контрола над натпреварот, а победникот беше познат уште на полувремето, кога Барселона водеше со 45:24.
Српскиот шампион во третиот период намали на минус 13 поени, а домаќините последниот период го добија со недостижни 26:5. Гостите натпреварот го загубија со 34 поени разлика.
Најефикасни кај Црвена Звезда беа Рочести со 13 и Добриќ со 10 погодоци, а Перо Антиќ постигна скромни 4 поени.
Во победничкиот состав Рибас реализираше 18, а Томиќ и Копонен по 16 поени.