Еколошка акција „Не валкај-разубави-Ден за Велес“

Од:

Општина Велес денеска организира голема еколошка акција за чистење на градот под мотото „Не валкај-разубави-Ден за Велес“.

Акцијата се организира заедно со ЈКП „Дервен“, основните и средните училишта, урбаните заедници, општинската организација на Црвен крст, ТППЕ-Велес-Територијалната противпожарна единица Велес, Центарот за управување со кризи и со повеќе граѓански организации.

Планирани се три собирни пунктови: во близина на Стар мост, на градскиот стадион и на игралиштето во населба „Тунел“. Акцијата ќе се одвива на локациите: ул.„Димко Најдов“, ул. „Луј Пастер“, на градскиот фудбалски стадион и на ул. Благој Ѓорев“.

Заради високиот водостој на Вардар ќе се избегнуваат крајбрежните појаси покрај реката за да не дојде до некои несакани последици.

Би можело да ве интересира

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом