Заев се сретна со австриските амбасадори од регионов: Очекуваме чиста препорака и почеток на преговорите со ЕУ

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија се сретна со делегација на австриски дипломати и амбасадори од регионот, предводена од Клаус Волфер, раководител на секторот за Западен Балкан во Австриското министерство за Европа, интеграција и надворешни работи, придружувани од Ренате Колбер, амбасадорка на Република Австрија во Република Македонија.

Австриските амбасадори, во Скопје ги подготвуваат приоритетите на австриското претседателство со ЕУ во втората половина од 2018 година, во однос на Западен Балкан.

Пораката што ја испратија дипломатите и амбасадорите од Република Австрија на средбата со премиерот Заев е дека Австрија силно ја поддржува Република Македонија на евроинтеграцискиот пат, како и другите земји во регионот, во интерес на просперитет и стабилност на целиот регион.

Раководителот на секторот за Западен Балкан во Австриското министерство за Европа, интеграција и надворешни работи, Волфер му честиташе на премиерот Заев за реформските промени во државата, во однос на предизвиците со коишто се соочуваше државава само пред неполна година и соопшти дека се чувствува позитивната клима во земјава.

Премиерот Заев рече дека за Република Македонија е од големо значење и силна охрабрувачка порака поддршката што ја добива државата од земјите пријатели од ЕУ, како што е Република Австрија.

-Ги правиме сите потребни реформи, во правосудството, во јавната администрација, во тајните служби, во медиумите, вклучувајќи ги сите засегнати страни и опозицијата. Градиме пријателства во соседството – по договорот со Република Бугарија, пристапивме и во процес на градење доверба и поактивен дијалог со Република Грција. Нашите очекувања се овие напори на Република Македонија да бидат вреднувани и нашата држава на пролет да добие чиста препорака од ЕУ, а за време на австриското претседателство и датум за почеток на преговорите со Европската унија, рече премиерот Заев.
Премиерот Заев додаде дека за Република Македонија, ЕУ и НАТО значат економија, повисоки плати, нови работни места за граѓаните и дека доказ за тоа се придвижувањата на инвестициски план, што веќе резултираат со конкретни договори за инвестирање во Македонија.

На средбата е изразена согласност дека Република Македонија, а и земјите од Западен Балкан треба да го искористат позитивниот моментум, да работат на реформите и да ги решат билатералните прашања, за да станат дел од ЕУ, каде што припаѓа регионот.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он