Салији-Ментес: Против тероризмот мора да се бориме заеднички

Од:

Министерот за правда, Билен Салији на официјална средба ја пречека делегацијата од Република Турција, предводена од Државниот секретар на Министерството за правда на Република Турција, г. Селахадин Ментес.

На ова средба, министерот Салији ги запозна присутните со досегашните активности на министерството во однос на реформите во правосудството како важен услов во интеграцискиот процес на земјата.
Од своја страна, Селахадин Ментес го изрази своето особено почитување во врска со одличните односи меѓу двете земји и исто така побара да се продлабочи соработката меѓу двете земји во интерес на граѓаните на двете земји. Амбасадорот зборуваше за продлабочување на соработката во различни сфери, каде што ја истакна борбата против тероризмот.

Двете страни разговараа за конкретни прашања каде што може да се фокусира соработката во областа на правдата, особено кога станува збор за екстрадицијата или притворањето на лица кои имаат извршено кривични дела во нивните матични земји.

Двете страни се убедени дека тероризмот не се идентификува според националноста, туку тоа е заедничко зло против кое мораме заеднички да се бориме.

Средбата беше затворена во пријателски дух меѓу двете страни.

Би можело да ве интересира

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии

Среќна грепка – за помалку од две евра доби награда од над 142.000 евра

А1он

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел

Турција го реорганизира рударството за да ја намали зависноста од увоз, Македонија не го активира ниту потенцијалот на Иловица

(ВИДЕО) Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но ако нè нападнат – ќе возвратиме

Подобрена e состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода