Мицкоски средба со Борисов и Жозеф Дол: Членство во ЕУ за подобрување на стандардот, потребни се клучни реформи

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Софија оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов и Претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол.

Средбата доаѓа на покана на бугарскиот премиер, Борисов и е дел од активностите и засилената поширока агенда на Република Бугарија во рамките на претседателствувањето со Европската Унија.

На средбата се разговараше за европската агенда на регионот и зајакнување на соработката во рамките на Европската народна партија чиј составен дел е и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласи дека стратешки приоритет преставува членството во ЕУ како суштинска ориентација преку која треба да се овозможи унапредување на стандардите и овозможување на шанси за напредок. Мицкоски посочи дека Република Македонија за жал има реформски процес кој се одвива под посакуваното ниво и планот на владата 3-6-9 останува неисполнето слово на хартија.

Потребни се клучни подобрувања пред се реформа на судскиот систем, поддршка на економијата и стопанството и нејзин суштински развој, каде за жал досега имаме еден од најслабите економски резултати како држава, како и мерки за овозможување на квалитетно образование како клучен столб за развој на едно општество, додаде Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во разговорот со бугарскиот премиер, Борисов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, базирани на принципиелност и меѓусебно почитување.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче