Францускиот парламент едногласно денеска го ратификуваше хравтскиот договор за членство во европската унија. Со тоа Франција стана прва држава во оваа година која и отвори пат на Хрватска кон ЕУ.
Франција е 21-та држава од ЕУ која потврди за пристапниот договор на Хрватска.
Извештајот за Хрватска го претстави министерот за европски работи Бернар Казенев, како и претставници од Одборот за надворешни работи и Одборот за европски работи, кои оценија дека Хрватска минала досега најригорозен процес на пристапни преговори, но спорот со Словенија е закана за завршување на процесот за ратификација.
– Спорот со Словенија е закана за процесот за ратификација на пристапниот договор, нагласи известителот на парламентарниот Одбор за надворешни работи Филип Кордери, додавајќи дека изборот на новиот словенечки претседател Борут Пахор е позитивен знак. Како што јавија хрватски медиуми, неговите ставови ги поддржа и претседателката на Одборот за надворешни работи Елизабет Гигу.