Во Струмица лани 669 сообраќајки, брзото возење најчеста причина

Од:

Лани на подрачјето на СВР Струмица се случиле 669 собраќајни незгоди, а според полициската статистика најчеста причина е брзото возење.

Во вкупниот број собраќајни незгоди 183 се поради брзо возење, а потоа на листата се: вршење неправилно дејство со возилото-122 незгоди, неотстапување првенство на минување-69 незгоди, потоа недржење страна на движење-40, управување моторно возило под дејство на алкохол-52 и останати-178 незгоди.

Во споредба со 2016 година, кога се евидентирани 720, лани се случиле помалку собраќајни незгоди-669.

И кај сторените сообраќајни прекршоци во 2017 година на прво место е брзото возење. Сообраќајната полиција регистрирала 1.864 такви прекршоци, што е повеќе во спредба со преклани кога биле регистрирани 1.801 прекршоци.

Минатата година биле зголемени и контролите што ги вршела полицијата. Биле спроведени 285 акциски контроли и 236 локални контроли. При тоа најчести мерки кои се изрекувани се исклучување на возачите поради управување со возилото под дејство на алкохол, одземање возачка дозвола и издавање прекршочни платни налози.

Од СВР Струмица информираат дека во делот на проактивниот пристап во текот на годината се вршат превентивни акциски контроли наменети за сите учесници во сообраќајот.

Превентивните актвности се континуирани и се реализираат во различен временски период според подготвен календар за активности. Од струмичкаа полиција ги издвојуваат „Управувај безбедно со земјоделски машини“, „Вози мотор, но биди безбеден“, „Безбедно од домот до училиштето“ и други такви активности.

Покрај тоа, редовно се спроведуваат бројни едукативни предавања наменети за најмладите учесници во сообраќајот-децата од детските градинки и учениците од основните и средните училишта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите