Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права денеска по повод 8 Март одржуваат марш за правата на жените.
Маршот започна од Жена Парк, преку плоштадот Македонија, Камениот Мост и ќе заврши на плоштадот Филип Втори. Со него ќе се испрати порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество.
На маршот се поканети да учествуваат новинари, претставници на државни институции, општини, комисии за еднакви можности, невладини организации, пратеници и претставници од дипломатскиот кор.