Најмалку 110 лица починаа во Нигерија од хеморагичната Ласа треска, која од почетокот на годината се шири низ оваа африканска земја, соопшти денеска нигериската Агенција за контрола на болестите.
Ласа треската меѓу луѓето со шири преку конзумирање на храна или преку допир на садови инфицирани со вирусот на оваа болест. Симптоми на болеста се треска и главоболка и во најтешките случаи таа има смртни последици.
Според податоците на нигериската Агенција за контрола на болестите, до 4 март во Нигерија се евидентирани 1.121 сомнителни случаи на заболени од Ласа треска, од кои болеста е потврдена кај 353 лица, додека за уште 37 други резултатите од испитувањата се чекаат во следните денови.
Минатата недела Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се регистирани 90 смртни случаи на лица заболени од Ласа треската во 18 од вкупно 36-те сојузни држави во Нигерија.
Покрај во Нигерија, според СЗО, случаи на заболени од Ласа треската се регистрирани и во Бенин, Гана, Гвинеја, Либерија, Мали, Сиера Леоне и Того.