Димитров го означи возобновувањето на активностите на „Пријатели на Република Македонија” во ЕП

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес во Брисел, на инаугуративна церемонија го означи возобновувањето на активностите на Групата „Пријатели на Република Македонија” во Европскиот Парламент, предводена од холандскиот евро-пратеник Ханс ван Баален, од редовите на АЛДЕ.

„Пријатели на Република Македонија” е неформална група, составена од пратеници во Европскиот Парламент од различни политички групи, која во изменет и проширен состав по пауза од речиси три години, ја динамизира својата работа.

Групата е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Република Македонија во нејзините европски аспирации и цврста поддршка на нејзиниот европски пат.

Министерот Димитров пред присутните евро-пратеници, изјави:

„Вашата поддршка за нашите напори да изградиме демократска, стабилна, просперитетна и европска Република Македонија, е значајна и мотивирачка”.

„Обновувањето на работата на групата „Пријатели на Македонија“ по три години од нејзиното формирање, е вистински сигнал за поддршка на новото лице на Република Македонија: демократско, фокусирано кон иднината и европско”.

„Би сакал да одадам признание на Европскиот Парламент за придонесот кон нашите напори за трансформација на нашето општество; голема благодарност што сте со нас и во добро и во лошо”.

„Вашата поддршка е инвестиција за европската иднина на нашата земја и регионот”.

„Групата пријатели на Македонија ќе има недвојбено значајна улога во претстојниот период, одлучувачки за нашата европска кандидатура. И покрај тоа што ова е извонреден состав, се надевам дека бројот на пријатели на Македонија постојано ќе расте”.

За време на настанот, МНР Димитров оствари куси разговори со неколку евро-пратеници.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија