„Алфа Ромео“ во моментов произведува само два мали, економични компакти, што со својот модерен изглед ги привлекува главно купувачите од понежниот пол.
Некогаш мажевната италијанска компанија има намера да ја поврати својата стара слава со лансирање на 4Ц спортскиот автомобил,чија премиера се очекува годинава, а потоа ќе следи новиот Спајдер модел, развиван паралелно со новата Мазда МХ-5.
Затоа не треба да зачудува нестрпливоста на бројните фанови, кои од својот омилен бренд очекуваат модели со спектакуларен изглед и врвни перформанси. Доколку во тоа успее, Алфа Ромео повторно може да ги изработува тестостеронските ѕверки, кои влеваа стравопочит на патиштата.
Неодамна на Интернет се објавени компјутерските стимулации за ГТ моделот со две врати наречен 6Ц. За неговиот дизајн заслужни се Џорџ М. и Флориан Ј., а е инспириран од моделите од минатото на компанијата, но и линиите од новиот 4Ц. Не треба ниту да се споменува дека ваквиот автомобил би бил идеален додадок за поставата на италијанскиот производител, особено кога би бил опремен со 3.0-литарски V6 мотор.