Димитров-Јенча: Позитивни резултати во добрососедската политика и реформите

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Димитров денес оствари средба со помошникот генерален секретар на ОН за политички прашања, г-дин Мирослав Јенча.

На средбата беа разменети мислења за надворешната политика на Република Македонија со соседните држави, како и за напредокот во имплементацијата на реформската агенда на македонската влада.

Министерот Димитров ги презентираше актуелните чекори на Република Македонија во однос на унапредување на добрососедската политика, кои конкретен израз добија и преку Договорот за добрососедство со Република Бугарија, како и конструктивното реактивирање на разговорите со Грција за надминување на разликата околу името. Исто така, Министерот потенцираше дека Република Македонија длабоко го цени ангажманот на личниот претставник на Генсек на ОН, г-дин Метју Нимиц во рамки на тој процес. Министерот Димитров, воедно извести за актуелните иницијативи и реформи на македонската влада на домашен план.

Помошникот генерален секретар на ОН за политички прашања, г-дин Мирослав Јенча, изрази задоволство од позитивниот развој во добрососедската политика, како и од реалните резултати на владината програма 3-6-9, во приоритетните фокусни области. Додаде дека ОН, како глобален авторитет на меѓународната сцена, а и во контекст на конкретниот мандат што го имаат за тоа прашање, со должно внимание и сериозни заложби го третира прашањето за надминување на разликата околу името.

На средбата, соговорниците разменија мислења и за актуелните клучни прашања во рамките на ОН, постигнувањето на целите на агендата 2030, реформирањето на организацијата, и важноста на мултилатералното делување во справувањето со глобалните предизвици.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија