ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше на координацијата за законот за јазиците

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев за „Макфакс“ вели дека тие не се појавиле на координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, поради што смета дека не може да биде постигнат никаков договор за законот за употребата на јазиците.

Данев додава дека ќе се појават во собраниската сала само доколку биде ставена на дневен ред точката за законот за јазици. Тој не знае дали за оваа точка денеска ќе се расправа, со цел да се разгледаат 35.000 амандмани, кои што ги предложи опозициската партија. Данев вели дека не знае што ќе се случува и за понатамошниот тек на седницата очекува да бидат информирани од собранисиот спикер.

Неофицијално, СДСМ инсистираат законот за јазици да биде последна точка на дневен ред, со цел да се остави доволно простор за постигнување на евентуален политички договор. Собранието и официјално потврди дека 32-та седница ќе продолжи во 15 часот. По неа ќе продолжи Единаесеттата седница на Собранието на Република Македонија.

К.Л.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче