Двете Кореи договорија самит и воведување „жешка линија“

Од:

Северна Кореја и Јужна Кореја се договорија за средба на врвот кон крајот на април во Панмунџон и за воведување „жешка линија“ за намалување на тензиите.

Во исто време, Северна Кореја воведе мораториум над нуклеарните и ракетни проби, доколку САД се согласат за преговори со нив. Властите истакнале дека нема потреба од нуклерано оружје, доколку има гаранции за безбедноста на земјата.

Тоа го изјави Чунг Еуи-јонг, специјалниот пратеник на Сеул по средба со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун.

Северна Кореја исто така ветила дека нема да употреби нуклеарни и конвенционални оружја против Јужна Кореја.

Доколку се реализира, самитот би бил трета средба меѓу лидерите на двете Кореи кои технички се уште се во војна по Корејската војна (1950-1953) која заврши со примирје наместо со мировен договор.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ