Испораката на огревно дрво во Струмица ќе се врши на време

Од:

Испораката на огревно дрво за идната грејна сезона ќе се врши на време и без проблеми, информираат од ЈП „Македонски шуми“, Подружница Шумско стопанство „Беласица“ од Струмица.

Според директорот Љупчо Митров, од 13 јануари годинава тече потпишувањето договори за испорака на огревно дрво со граѓаните.

– За оваа сезона на располагање имаме 2,5 илјади кубни метри даб и 10 илјади кубни метри бука. Во споредба со лани количината е зголемена за 30 отсто и со тоа ќе ги задоволиме потребите на граѓаните од Струмичкиот регион, вели Митров.

Во „Беласица“ се оптимисти дека годинава снабдувањето со огревно дрво ќе се врши во текот на летните месеци, а на како порано дури по почнувањето на грејната сезона, во зимските месеци.

– Испораката на огревното дрво очекуваме да почне кон крајот на април и почетокот на мај. На 24 овој месец треба да ни помине тендерот за превоз, а тој за сеча на дрвото веќе ни помина. Во споредба со минатите години сме за 3-4 месеци порано и затоа одговорно тврдам дека испораката ќе тече без проблеми, додава директорот Митров.

За него е мошне значајно што најголем дел од шумските патишта се веќе отворени, бидејќи тоа е ден од најважните фактори за навремена испорака на огревното дрво.

– Веќе имаме отворено патишта за превоз на десет илјади кубни метри огревно дрво и ни остануваат да отвориме патишта за преостанатите 2,5 илјади кубни метри. Покрај тоа, квалитетот ќе биде многу подобар во споредба со лани, бидејќи сечата ќе се одвива машински, а количините за трета класа огревно дрво ќе бидат намалени поради машинската сеча, заврши директорот на Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица, Љупчо Митров.

Инаку, цената на огревното дрво останува иста како лани. Еден просторен метар дабово огревно дрво се продава за 2.470 денари, а буката за 2.370 денари. На овие цени се доплаќа уште 150 денари за превоз за секој метар просторен огревно дрво.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија