Пред и потоа на чист воздух: На половина час од центарот на Скопје со „Galaxy S8+“

Од:

Согласно новите „правила“, нештата не се случиле ако немате фотографија од местото каде што сте биле. Качете се на врвот на Водно, направете фотографија и покажете им ја на пријателите да видат што пропуштаат доколку останат во градот

Половина час, толку време е потребно од центарот на Скопје да дојдете до место од каде имате ем преубав поглед, ем чист воздух. Тоа е врвот на Водно, каде може да се ужива секој викенд, додека загадувањето во центарот на градот е на загрижувачки високо ниво.

До таму се доаѓа многу едноставно. Препорачливо и најздраво е да се качите пеш до врвот, или барем до половина пат. Но, доколку не го можете ниту тоа, тогаш имате и друга опција. Бесплатни автобуси на ЈСП ве водат до Средно Водно, а од таму со жичница за шест-седум минути се стигнува до врвот.

Штом излезете од кабината на жичницата, веднаш ќе ја почувствувате разликата во воздухот. Иако е студено во зима, многу полесно се дише, а телото добива свежина и енергија.

Погледот, пак, е приказна за себе. Скопје, во зависност од степенот на смогот, ретко се гледа. Но, од другата страна на Водно, погледот е инспиративен и смирувачки.

Имавме можност да се качиме на Водно два дена во текот на една седмица. Првиот ден беше сончево, додека веќе следниот ден имаше снег. И кога е сончево, и кога има снег, на Водно е преубаво. Тоа може да се види и од снимките и фотографиите што ги направиме со телефонот од марката „Самсунг“, моделот „Galaxy S8+“.

Синото небо изгледа уште попримамливо на фотографиите направени кога снегот уште го немаше. Такво небо ретко се гледа од центарот на Скопје, поради смогот со кој се мачиме цела зима.

Кога падна снегот, пак, погледот стана надреален. Врвовите од планините во далечините изгледаа како да се пловечки острови што се издигнуваат над маглата во котлините. Камерата од мегапопуларната „осмица“ на „Самсунг“ успеа реално да го долови тоа што го гледаме во живо во далечината.

Иако беше студено и паѓаше снег, телефонот работеше без проблем. Уредот е отпорен на вода и влага, така што може безгрижно да се доловат зимските пејсажни кадри од височните.

Камерата има такви перформанси, што фотографиите и видеата што би ги направиле од врвот на Водно автентично ќе го доловат вашето визуелно доживување.

Задната камера, којашто ја препорачуаме за фотографирање и снимање, креира фотографии со тежина до 12 мегапиксели. Има опција HDR, со која фотографиите добиваат ултра реален, тридимензионален изглед. Доколку веќе сте на Водно, фатете добра позиција и пробајте ја и опцијата „панорама“.

Ќе се изненадите од квалитетот на фотографијата, на којашто се доловени речиси сите детали од пејзажот.

Доколку, пак, повеќе сакате да го снимите тоа што го гледате од врвот на Водно, тогаш препорачуваме тоа да го направите со највисока можна резолуција.

Камерата снима во Ултра ха-де, (UHD) квалитет, односно во 4К. Ефектот од таквата снимка, ќе го видите доколку телефонот потоа го поврзете со компјутер или со телевизор. Вашите пријатели ќе помислат дека со вас сте носеле професионална камера.

Согласно новите „правила“, нештата не се случиле ако немате фотографија од местото каде што сте биле. Со мобилниот „Galaxy S8+“ тоа најлесно се постигнува.

Со подигање на раката пред предната камера, телефонот автоматски ве фокусира вас и вашите пријатели и ви прави фотографија со која ќе покажете како е на планина, кога воздухот е чист и го нема смогот од загадувањето.

Секако, нема ни потреба да кажувате каде сте. Самиот телефон, додека фотографирате, ја регистрира локацијата по гео-координати и тие податоци ги вметнува во фотографиите.

Надевајте се дека добрите фотографии ќе поттикнат што повеќе ваши пријатели да дојдат со вас на планина и следниот викенд, па „селфито“ што ќе го направите со „Galaxy S8“ ќе биде повесело.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска