Американците стануваат се понесреќни или барем помалку среќни, додека Норвежаните можат да бидат задоволни од новата листа на бизнис весникот „Форбс“ во однос на земјите во светот каде што жителите имаат најмногу причини да бидат среќни.
Тој што сака да се чувствува задоволен и среќен треба веднаш да се пресели во Норвешка, доколку има доверба во „Форбс“ и нивната листа на која се наведени 142 земји, а што одговара на 96 проценти од светското население, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
За еден Швеѓанец или Данец исто така постојат доволно причини да останат дома. Данска и Шведска се пласирани веднаш зад Норвешка, на второто и третото место на листата на „Форбс“.
Во истражувањето се користени 89 различни индикатори, како например образованието и здравството, но и економската ситуација во земјата и чувството на сигурност и безбедност меѓу населението.
САД се пласирани на 12. место, а последна земја на листата е Централноафриканската Република. На дното на листата се и Конго и Авганистан.