Во Крива Паланка собрани 57 единицa крв

Од:

Во големата сала на општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка, денеска се реализираше крводарителска акција на која беа собрани 57 единица крв.

– Ова е трета акција во 2018 година на подрачјето на Крива Паланка, а се одржа една и во Ранковце од почетокот на годинава, така што, денешната акција е петта во двете општини, на кои досега се собрани вкупно 153 крвни единици, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Акцијата ја организира Општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка во соработка со институт за трансфузиона медицина Скопје.

Оваа општинска организација со Годишниот план за крводарувања за тековната 2018 година има проектирано да бидат собрани 711 единици крв, бројка која редовно се натфрла , благдоарение на хуманите граѓани.

Во 2017 година на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце собрани беа 1032 единици крв, со што планот за крводарувања за минатата година беше натфрлен за 45 отсто.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот