Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ на Саемот на автомобили во Детроит го претстави новиот концепт кросовер „КросБлу“, кој е наменет за младите модерни семејства.
„КросБлу“ дели платформа со „Пасат“ и најверојатно ќе се произведува во фабриката во Тенеси, а почетокот на производството е планирано за 2015 година.
Најинтересно кај овој кросовер е дизел-електричниот „плаг-ин“ хибриден систем за кој од Фолксваген тврдат дека наспроти моќниот мотор од 306 коњски сили ќе има и неверојатна потрошувачка од само 2,6 литри на 100 километри.
Сепак „КросБлу“ останува само концепт автомобил, со што во иднина сигурно ќе се менуваат и неговите перформанси.