Во Штип се казнуваат возачите кои непрописно паркирале

Од:

Во Штип од денеска почнаа да се казнуваат возачите кои не се паркирале согласно прописите. Акцијата се спроведува координирано од страна на општински инспектори за сообраќај, полициски службеници од Полициската станица-Штип и вработени од ЈП „Стипион“-Штип, надлежни за наплатата на паркинг местата.

Оливера Блажева, општински инспектор за сообраќај во општина Штип информира дека акцијата е најавена пред еден месец. Во текот на изминатиот месец на непрописно паркираните возила се оставале и опомени дека нивните возила се погрешно паркирани на улиците или на автобуските постојки и такси стојалиштата.

– Прво сметавме дека е коректно да ги исчистиме улиците кои се покрај зградата на општина Штип и на Полциската станица. Како иницијатори на оваа акција сметаме дека е во ред нашите места да бидат први за пример за сите останати, а потоа и на останатите, вели Блажева.

Акцијата ќе трае и во текот на наредните денови со цел да се отстранат возилата кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот, посебно во централниот дел на градот, каде што во попладневните часови се создава хаос.

Штипското јавно претпријатие „Стипион“ е надлежно за паркирање на 636 паркинг места, а точно пред еден месец се укина наплатата на 200 паркинг места во населбата Автокоманда и неколку споредни улици во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара