Јужнокорејска делегација пристигна во Пјонгјанг денеска на средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, соопшти официјален Сеул.
– Во делегацијата се високи официјални лица од Јужна Кореја. Делегацијата веќе слета со авион на аеродромот Сунан во Пјонгјанг, изјави Ким Еуи-кјеом, портпарол на претседателот на Јужна Кореја, јави АФП.
– Договорено е…дека ќе присуствуваат на средби и вечера со Ким Џонг Ун, додаде тој.