Во Врховниот суд во Атина рочиште за жалбата на Грујевски и Бошкоски

Од:

Поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски, денеска дојдоа на рочиште во Врховниот суд во Атина, каде ќе се одлучува по нивната жалба за одлуката за екстрадиција на судот во Солун, јави дописникот на МИА од Атина.

Според програмата на Судот, заедно со Грујевски и Бошкоски денеска има судење за уште 18 други случаи.

Минатото рочиште што беше одржано на 16 февруари, беше одложено поради краткиот период што го имале адвокатите за разгледување на предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик.

Шестемина судии и обвинителот, надлежни за разгледување на жалбата во грчкиот Врховен суд, го слушнаа образложението на адвокатите и одлучија рочиштето да се одложи за 2 седмици, на 2 март.

Адвокатите на Грујевски и Бошкоски, уште на почетокот побараа одложување, а тоа го поткрепија со фактите дека немале доволно време да го разгледаат предметот и поради непостоењето преведувач од грчки на македонски јазик и обратно.

Судијката заклучи дека немале можност да се подготват, а двајцата адвокати рекоа дека сакаат рочиштето да се одржи на најдобар можен начин и се обврзаа дека за следниот пат ќе обезбедат преведувач.

Во судницата беше присутна преведувачка, службено назначена, но од бугарски на грчки јазик и обратно. Цело време додека траеше дијалогот меѓу судијката и адвокатите таа им преведуваше, но од адвокатите беше посочено дека потребно е да се обезбеди преведувач на македонски јазик.

И Грујевски и Бошкоски на прашањето на судијката дали се согласуваат со одложувањето одговорија потврдно.

По кусото рочиште и одложувањето, Грујевски и Бошкоски од Судот беа префрлени во атинскиот затвор „Коридалос“, каде што се наоѓаа од по нивното префрлање од Солун во Атина.

За Грујевски и Бошкоски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.

Едниот е за фалсификуваните пасоши, со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај годинава.

Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември минатата година.

Третиот е по македонското барање за екстрадицијата, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи, Никола Бошкоски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија, а веднаш потоа нивните адвокати поднесоа жалбата против одлуката на судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина.

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски