Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг продал акции во компанијата вредни 500 милиони долари во текот на февруари, и ги искористил парите за да ги финансира своите хуманитарни проекти.
Цукерберг најави дека ќе издвои значителна сума пари за својата програма Чан Цукерберг, преку која ќе спонзорира научни истражувања, образовни проекти и проекти од областа на правосудството. Во септември, Цукерберг најави дека ќе продаде акции вредни дури 13 милијарди долари во период од 18 месеци, и дека 99 проценти од овие приходи ќе бидат искористени за потребите на иницијативата Чан Цукерберг, која се очекува да функционира слично на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.