„Вибер комјунити“ – нова функција за создавање групни разговори во популарната апликација

Од:

Во последните неколку години, „Вибер“ стана една од најпосакуваните комуникациски платформи за сопствениците на паметни телефони. Речиси 1 милијарда луѓе во моментов ја користат мобилната апликација, што само по себе претставува јасен доказ за нејзината популарност. Програмерите од „Ракутен“ веќе експериментираат со нова интересна карактеристика наречена „Вибер комјунити“. Благодарение на неа, ќе има начини како да стартуваме групни разговори со своите пријатели.

Чуден факт е дека корисниците нема да бидат ограничени на бројот на луѓе кои можат да учествуваат во разговор. Според „ТекКранч“, речиси сите 1 милијарда луѓе кои го користат „Вибер“ ќе можат да се придружат во групниот разговор. Функцијата дефинитивно ќе им се допадне на многу корисници и има потенцијал да ја направи апликацијата попопуларна меѓу деловните корисници. Секој учесник во групата ќе може да додава коментари, различни реакции и мултимедија, кон општиот чет.

Способноста да создавате групни разговори со неограничен број луѓе дефинитивно ќе ја направат апликацијата уште попопуларна комуникациска платформа. Главните администратори на одделни четови ќе имаат можност не само да ја контролираат содржината и учесниците, туку и да генерираат приходи од реклами.

Би можело да ве интересира

Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук

Ана Ололовска

На „Вибер“ отворена група за граѓаните, за информации за коронавирусот

А1он

Апликацијата „Viber“ додаде уште една опција за корисниците

А1он

Вибер воведе нова услуга

Ана Ололовска

Вибер воведува нова опција за испраќање фотографии

Наум Локоски

Македонците на мобилен најчесто на Вибер и Фејсбук месинџер

Ана Ололовска