Патоказ за младите спортисти во Карпош

Од:

Општина Карпош и здружението на граѓани „Центар за едукација и менаџмент во спортот” склучија Меморандум за соработка, во областа на промоција на спортот во Општината како и едукација на младите спортисти.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека локалната самоуправа е посветена на враќање на спортскиот дух во Карпош и идентификација на младите таленти .

– Постои вистински ентузијазам за системски пристап кон спортот на локално ниво. Поддршката од Општината ќе биде неселективна и правилно распределена за сите клубови, поединци и училишта. Карпош има активни училишни лиги во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет кои претставуваат одлична основа за нови проекти и надградба на талентот на учениците, рече Богоев.

Претседателот на Центарот за едукација и менаџмент во спортот (ЦЕМС), Бојан Захариев изрази големо задоволство од можноста за соработка со Општина Карпош, која е трета општина во Град Скопје што потпишала Меморандум за соработка со ЦЕМС. Целта е преку оваа соработка е да се зголеми интересот и масовноста на училишниот спорт и да им се даде патоказ на младите за нивен вистински напредок и развој.

Меморандумот предвидува и преземање на активности за подобрување на дел од спортската инфраструктура во Општината, стручна едукација за учениците и спортските работници, како и вмрежување со други институции и организации кои работат на подобрување на состојбите во спортот.

Инаку, Општина Карпош веќе е во подготвителна фаза за изградба на еден реонски базен, како и формирање на нова, современа фитнес зона во Карпош 4. Станува збор за инфраструктурни објекти кои ќе може да ги користат и учениците од основните училишта, а рекреативно и сите граѓани на Карпош.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира